12/05/2025
Охрид

Учениците од РЦСОО „Ванчо Питошески“ на екскурзија во Будимпешта, Виена, Нови Сад и Белград

Во период од 11.04.2025 година до 15.04.2025 година за учениците од предзавршните и завршните класови од РЦСОО „Ванчо Питошески“  Охрид,  беше реализирана повеќедневна училишна екскурзија, во градовите Будимпешта, Виена, Нови Сад и Белград. Времетраење на екскурзијата беше: 5 дена со 3 ноќевања.

 Во реализацијата на екскурзијата учениците беа придружувани од Директорот на училиштето Тони Андрески, Професорот Петар Серафимоски  и Психологот Даница Скрческа, а беа опфатени 34 ученици.

I.                 Екскурзијата ги оствари следните содржини и активности:

 Ø     посета на културно-историските знаменитости,

Ø     посета на објекти од забавно-рекреативен карактер,

Ø     посета на угостителско-туристички капацитети.

II.              Реализираната ученичка екскурзија ги постигна следниве воспитно-образовни цели:

 Ø     Се усвоија знаењата на учениците за културно-историските знаменитости на Будимпешта, Виена, Нови Сад и Белград.

Ø     Се усвоија и проширија знаењата на учениците за угостителско-туристичките капацитети на Будимпешта, Виена, Нови Сад и Белград,

Ø     Се развија различните интереси на учениците,

Ø     Се проширија знаењата, дружењето,  рекреирањето и  развивање на правилен однос кон природата и општествената средина.

 III.            Задачите на предвидената ученичка екскурзија беа:

 Ø     запознавање со историјата и начинот на живеење на луѓето во посетените места,

Ø     запознавање со позначајни угостителски-туристички капацитети и културно-историски споменици во посетените места,

Ø     развивање позитивен однос кон националните, уметничките и општокултрурните вредности,

Ø     стекнување искуства од општествениот и социјалниот живот на населението во посетените дестинации,

Ø     развивање интерес и грижа за природата и практикување еколошки навики,

Ø     стекнување културни навики во услови на групно патување и почитување на предвидениот Кодекс на однесување на екскурзии од овој тип,

Ø     поттикнување и манифестирање на позитивни емоции, другарување и поддршка, солидарност и подобро взаемно разбирање.

Во Будимпешта се изведи  разглед на градот со локален водичСпоменик на Милениумот, Парламентот, Градскиот парк, Операта, Учиците Андраши Ракочи, црквата Св. Стефан, Мостовите на Дунав, Цитаделата, Тврдината со градските палати, црквите на кралот Матејаш, Рибарската тврдина.

 Во Виена беше посетен  плоштадот Рингштрасе, палатата Хофбург, парламентот, Шембрун, Операта, катедралата Св. Стефан.

Во Нови Сад беа посетени  Мостовите на Дунав, шеталиштето, Петроварадинската тврдина.

Во Белград беа посетени Калемегдан, улица Књез Михајлова, Скадарлија, посета на Шопинг центар.


WebOhrid / 17.04.2025 / РЦСОО „Ванчо Питошески“ Охрид