Учениците од „Св.Климент Охридски“ и „Кочо Рацин“ во посета на Општина Охрид
Третоодделенците од основните училишта „Св. Климент Охридски“ и „Кочо Рацин“ денес беа во посета на Општина Охрид. Градоначалникот Кирил Пецаков ги пречека, по што во големата општинска сала ги запозна со начинот на функционирање на локалната власт, статутот и симболите на општината, а одговараше и на бројните прашања од младите гости.
Посетите на ученици во Општина Охрид е согласно наставната програма што тие ја изучуваат по предметот општество.
WebOhrid / 20.02.2023 / Општина Охрид