Учениците од Трпејца се вклучија во кампањата за поддршка на децата со ретки болести
Учениците од ПУ с.Трпејца при ОУ „Св.Наум Охридски“ Пештани, се вклучија во кампањата за поддршка на децата со ретки болести. Тие изработија плакат, дискутираа за хуманоста и покажаа интерес за активно вклучување во маршот закажан за 28-ми.
Детското срце е најискрено и од него најмногу излегува љубов и поддршка, хуманост и толеранција.