Ученичка од ОУ „Григор Прличев“ ќе учествува на литературниот фестивал „Ракатки“ 2020
Ученичката Лина Боцеска од VII одделение, под менторство на наставничката по македонски јазик Лилјана Ставреска е примена да учествува на Републичкиот литературен фестивал „Ракатки“ – 2020 со освоено трето место.
„Ова не е прв успех на нашата ученичка, минатата година зедно со ученичката Ивана Маркоска го освоија третото место на конкурсот „Безбедност и здравје при работа од мали нозе“ во организација на трите стручни здруженија од областа на БЗР (ЗЗПР Битола, ЗБР 28-ми Април и ЗИЗ ТУТЕЛА) и нивните творби се објавени во збирката песни и раскази „Безбедност и здравје при работа од мали нозе“ која се објави во октомври 2019 година.“ – информираат од ОУ „Григор Прличев“.
„Ракатки“ – 2020 ќе се одржи на 24 и 25 април 2020 година во Скопје. Овој фестивал традиционално се одржува секоја година каде се слави литературата и творците.