Ученичка од ОУ „Христо Узунов“ освои прва награда на натпревар по физика во Бугарија
Денес, 2.6.2018 год.во Софија, Р. Бугарија, се одржа натпревар на тема: „Уреди за кабинета по физика“, каде учениците учесници имаа можност да се претстават со демонстации и експерименти од предметот физика.
Ученичката Маја Наумоска од ОУ „Христо Узунов“ – Охрид, под менторство на наставничката Вера Зороска освои ПРВА награда, во својата категорија (т. е. возраст ).
Инаку, на натпреварот учествуваа ученици од Македонија, Босна и Бугарија!