Ученичката заедница при РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид се приклучи на кампањата за поддршка на лицата со ретки болести
Преку пораката: „Ретки болести може да влијаат на мал број луѓе, но нивната тежина е голема. Поддршката, свесноста и истражувањето се клучни за подобар живот на оние што се погодени. Заедно можеме да создадеме подобра реалност за сите!“, Ученичката заедница при РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид заедно со психологот на училиштето Даница Скрческа преку работилница се приклучија на кампањата за поддршка на лицата со ретки болести.