22/11/2024
Охрид

Ученик од ОУТУ „Ванчо Питошески“ со најдобра песна на поетската манифестација „Пролет на сребрените соништа“

Диплома за најдобра песна на ученикот Николче Ангеловски од ОУТУ „Ванчо Питошески“ под менторство на професорот по македонски јазик и литература Перчо Божиновски на Третата Меѓународна поетска манифестација ,,Пролет на сребрените соништа” во категоријата средно образование.

Душата ви е богата како најголемото азно на својата татковина, Македонија кога ја предводите листата на наградени на Третата Меѓународна поетска манифестација „Пролет на сребрените соништа“. Само треба да се слушне и доживее моќта на зборовите директно искажани од ученикот Николче Ангеловски во поетската творба ,,Пролетните сребрени соништа сонуваат во есен”.

Најголема е честа кога наградите доаѓаат во конкуренција на меѓународно ниво, тоа е восхит на возвишениот дух затоа што навистина знаат да го препознаат квалитетот и да го ценат вложениот труд на учениците. Вистински доказ како се поттикнува творештвото на учениците.

Да си ментор на учениците значи да инспирираш надеж. Најголемата радост за професорот е кога неговиот ученик е награден, а заедничкиот успех е гордост.

Творите, пишувајте и негувајте го македонскиот јазик затоа што поетите се прегрнуваат преку јазиците.

Видео од рецитирање на ученикот: https://fb.watch/2oGA_EfUTO/

Видео порака од менторот за манифестацијата: https://fb.watch/2oGzzAdlH_/

 

Перчо Божиновски,

професор по македонски јазик и литература

ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид