23/11/2024
Македонија

Учество на МНР Димитров на форум организиран од страна на ЦЕПС во Брисел

Дебата: „Европа – повторно на вистинската патека”

Предвидено е МНР Димитров да има свое излагање на две сесии на настанот: „Копенхашката дилема на ЕУ: Зачувување на владеењето на правото пред и по пристапувањето?” и „Западен Балкан: црна дупка во Европа?”

Ова е еден од главните годишни настани на ЦЕПС, кој што ги собира највисоките европски лидери и креатори на политики да дискутираат за теми и прашања важни за сегашните и идните политики на Европската унија.

Годинашната дебата насловена „Европа – повторно на вистинската патека”, ќе биде отворена од претседателот на Комисијата Жан-Клод Јункер, следена од низа дискусии на истакнати европратеници и национални креатори на политики и заедничко завршно излагање на министерот за надворешни работи на Белгија, Дидие Рејндерс и Лилјана Павлова, бугарскиот министер за претседателство со ЕУ.

Повеќе информации за форумот може да видите овде: https://www.ceps.eu/CEPSlab18.