26/11/2024
Охрид

Удрил во рампа и во апарат за регистрација на паркинг

На 20.02.2020 година во 02:30 часот, на крстосницата на булеварот „Македонски просветители“ со улицата „Партизанска“ во Охрид се случила сообраќајна незгода во која патнички автомобил „рено меган“ со охридски регистарски ознаки, управуван од А.Н.(24) од Охрид, удрил во рампа и во апарат за регистрација на паркинг, сопственост на Јавното претпријатие „Билјанини извори“ Охрид. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.