УХМР: Нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Денес ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурата особено во северните делови ќе се намали за неколку степени.
Услови за краткотраен пороен дожд ќе има во недела и понеделник. Потоа, во следните денови ќе преовладува стабилно време со нешто пониски дневни температури.