УХМР: Попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Од УХМР известуваат дека денес времето ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност.
Попладне на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме.
Минималната температура ќе биде помеѓу 12 и 20, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. УВ=9