26/11/2024
Македонија

УХМР: Утре попладне локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Утре ќе се задржи променливо облачно време, претпладне со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења и услови за појава на град.

Во понеделник ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика пад на дневната температура. Значително затоплување се очекува од средината на следната седмица.