Украдени 3000 денари од црквата „Свети Пророк Илија“ во Лактиње
Во периодот од 27.09 до 05.10.2013 година, извршена е тешка кражба во црквата „Свети Пророк Илија“, лоцирана во с.Лактиње, општина Дебрца.
Непознат сторител со употреба на подесен алат насилно ја отворил вратата од црквата, влегол внатре и одзел околу 3.000 денари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.