14/05/2025
Охрид

Украдени и оштетени дрвја кај патеката кон Горица

Општина Охрид најостро го осудува  чинот на крадење и кршење  млади дрвја на просторот од  Скејт Паркот до  хотелот „Инекс“ – Горица. Вандалскиот чин го констатираа надлежните служби на локалната власт кои деновиве беа на увид при што беше констатирано дека од 123-те засадени стебла од видот врба и даб на овој потег, три дабови дрвца се украдени, а четири скршени.

Младите стебла беа засадени во месец декември минатата година и беа предвидени со проектот на Светска Банка за реконструкција на улицата „Македонски Просветители“. Согласно проектот  за едно пресечено дрво требаше  да се засадат три нови. Од вкупно 219-те стебла,  96 се засадија на реконструираната улица, а останатите 123 на потегот од Скејт паркот до „Инекс“ – Горица.


WebOhrid / 06.02.2023 / Општина Охрид