Украинец тешко повреден при пад со параглајдер
На ден 08.08.2018 година во 14:50 часот во СВР Охрид, од вработени во Националниот парк „Галичица“, пријавено е дека на планината Галичица, кај месноста „Баба“, паднало лице со параглајдер.
Екипа на униформирани полициски службеници од СВР Охрид веднаш е упатена на посоченото место и известена е планинарската служба за спасување како и Итната медицинска помош.
На местото бикано „Баба“, во контактибилна состојба е затекнато лицето О.В. (37) од Киев – Украина, кој претходно летал со параглајдер по што, од засега неутврдени причини, изгубил висина и паднал. Тој, е пренесен во болницата Св.Еразмо каде се констатирани тешки телесни повреди по што е задржан на понатамошно лекување. По овласување на Јавен обвинител, увид на местото на настанот извршија екипи на СВР Охрид.