УМС на ВМРО-ДПМНЕ Охрид делеше флаери по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик
По повод 21 февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, претставници од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на граѓаните им поделија флаери со пораки за мајчиниот јазик. Тие разговараа со нив за грижата и неговата употреба.
„Јазикот е нашето најголемо наследство и богатство кое мора да го чуваме како нешто најсвето.“ – велат од УМС на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.
Исто така, Унијата на жени ќе одржи трибина посветена на мајчиниот јазик.