Унгарката Енико Есењи, годинешен лауреат на Интернационалниот театарски фестивал “Актерот на Европа-2023”
Oвогодишен добитник на наградата за животно дело “Актер на Европа – 2023”, на Интернационалниот театарски фестивал во Преспа, e легендарната унгарска актерка, Енико Есењи.
Фестивалот делува од 2003 година, кога, Европскиот парламент, го прогласи Препанското езеро за Меѓуграничен европски парк, меѓу Македонија, Грција и Албанија, додека, годинава, ќе го има своето 21 издание, со почеток на 6 јули 2023, пред „Сарајот“ во Ресен.
Манифестацијата ќе започне со ретроспектива на легендарните имиња на европскиот театар, досегашни добитници на наградата за животно дело – “Актер на Европа”.
Првото легендарно име на европскиот театар кое ја понесе оваа награда, беше Љуба Тадиќ од Белград, а потоа се редеа: Јон Карамитру (Романија), Милена Зупанчич (Словенија), Ана Патресон (Шведска), Марсел Бозоне (Франција), Раде Шербеџија (Хрватска), Брус Мејерс (Велика Британија) итн.
За годинешната добитмичка, познатата унгарска актерка Енико Есењи, ќе биде прикажан уметнички портрет со сите нејзини театарски и филмски креации.
На свеченото отворање ќе се обратат градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевски, претседателот на жирито, Мето Јовановски, додека, беседата за лауреатот, ќе ја произнесе претседателот на фестивалот, Јордан Плевнеш.
На истата церемионија, признанието “Клучевите на Преспа” ќе го добие Ласко Џуровски, познати дизајнаер и типограф од Македонија.
Традиционалната Голема повелба „Балканот – Срцето на Европа“, оваа година, ќе ја понесат грчкиот актер Аргирис Гаканис, македонскиот книжевен автор и теоретичар Зоран Пејковски и албанскиот новинар и книжевен критичар Бен Андони.
Во официјалната конкуренција на фестивалот оваа година вреди да се истакнат oстварувањата:„Разоткривање на минатото – Комуникација во и за Холокаустот“ авторски проект на Брајан Мајкалс и Кане Кампман (Проект на Градот Келн, С.Р. Германија, „Последниот час на Његош“ од Слободан Маруновиќ, Црна Гора.
Исто така, “Во името на таткото“ од Шавајцарија, во изведба на Даут Ахмети, во режија на Сулејман Рушити, како и „Среќата е нова идеја во Европа“ по текст на Јордан Плевнеш, во изведба на меѓународна актерска и авторска екипа од Албанија, Црна Гора, Србија, БиХ и Македонија, како дел од проектот „Балканска уметничка мрежа за мобилност“ на Академија Балканика Еуропеана којшто се реализира со поддршка на УНЕСКО, под менторство и режија на Дејан Пројковски и Јордан Плевнеш.
Завршната вечер на фестивалот, 11 јули, покрај доделувањето на наградите, ќе ја одбележи и претставта „Чучук Стана“ во изведба на Народниот театар “Зоран Радмиловиќ”од Зајечар, Србија.
Претставите ќе ги оценува жирито во состав: Мето Јовановски, претседател, Елена Трајковска и Назиф Услу, театрски режисер од Турција.
Покрај претставите во официјална конкуренција, во рамките на фестивалот ќе настапат и аматрските групи “Самоилци” од Ресен, со претсавата „Бунда“, по текст на Миле Волкановски, како и “Младинскиот сатиричен театар” од Славонски Брод со претставата „Беспомошни створења“, по текст на Антон Чехов.
WebOhrid / 30.06.2023 / Веле Митаноски