26/11/2024
Охрид

Универзитетот „Св.Апостол Павле“ го одбележа Интернационалниот ден на жените и девојчињата во науката

Универзитетот „Св. Апостол Павле“, со мотото „Биди и ти, IT девојка“ го одбележа Интернационалниот ден на жените и девојчињата во науката.

Веќе четврта година по ред Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, го одбележува 11 Февруари, Интернационалниот ден на жените и девојчињата во науката.

Преку зборовите на проректорката проф. д-р Устијана Речкоска Шикоска, како и професорки, дипломки и студентки се потенцираше важноста на присуството на жените и девојчињата во науката, кои преку пренесените факти и искуство ги поттикнаа присутните, пред се ученици од гимназиите и стручните училишта во Струга и Охрид, подетално да се заинтересираат и информираат што би значело студирање на некој од факултетите при Универзитетот.


WebOhrid / 10.02.2023 / Универзитет „Св.Апостол Павле“