Управувачкиот комитет за координирање и управување со кризи имаше седница за состојбата со пожарите
Кризната состојба со пожарите на отворено кои зафатија делови од државата беше разгледана на седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи што утрово се одржа во Центарот за управување со кризи.
Со седницата раководеше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, а присуствуваа членовите, Владо Мисајловски – министер за одбрана и Арбен Таравари – министер за здравство како и раководителот на Групата за процена на ризици и опасности – Стојанче Ангелов.
На седницата присуствува и Цветан Трипуновски – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство како и Здравко Трајанов – директор на ЈП Национални Шуми.
WebOhrid / 24.07.2024 / ЦУК