23/11/2024
Охрид

Управувајќи мопед изгубил контрола и паднал на коловоз од автопатот во изградба Охрид-Кичево

На 14.10.2019 година во 22.30 часот, на коловоз од автопатот во изградба Охрид-Кичево, во близина на охридското село Подмолје, случена е сообраќајна незгода во која З.М.(20) жител на селото, управувајќи мопед, изгубил контрола и паднал. Притоа, тој се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Општата болница во Охрид. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.