Уредување на дел од коритото на реката Сушица
Општина Охрид со поддршка на проектот на ГИЗ – Адаптација кон климатските промени и управување со ризикот од поплави во Дримскиот слив, ја реализира адаптивната мерка за заштита од поплави, уредување на дел од коритото на реката Сушица, со цел зголемување на неговата пропустна моќ. Согласно проектот, ќе се изврши чистење на депонираниот отпад на бреговите на реката, како и чистење на речното корито, со хортикултурно уредување на просторот.