Усеини: Не сум решен за оставка, продолжувам како советник
На денешната втора седница на Советот на општина Охрид, покрај останатите точки на дневен ред, беше верификуван и мандатот на советникот Нефи Усеини.
По завршувањето на седницата советникот Усеини во изјава за медиумите истакна дека тој ќе продолжи како советник, а доколку се реши за оставка тоа би го направил на некоја од наредните седници.
„Не сум решен дали ќе дадам оставка или не. Ќе имаме состанок на кој ќе одлучиме што понатаму. Моментално ќе продолжам како советник, а доколку дадам оставка тоа ќе биде на некоја од идните седници.
Засега немаме никаква одлука за позиционирање на коалиции. Ние сме двајца советници од ДУИ. Не сме ни ВМРО, ни СДСМ, ние сме ДУИ. Нашата голема коалиција е со СДСМ, а на локално ниво ќе видиме понатаму како ќе се одвиваат работите. Сепак јас не можам да кажам ништо, над мене е претседателот кој треба да каже како ќе се одвиваат работите.“ – изјави Усеини.
19.11.2021 / WebOhrid