22/11/2024
Македонија

Условите во кој што се сместени притворените за настаните од 27ми април во Истражниот затвор Шутка се како во нацистички логор

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Дарко Костовски

Почитувани,

Условите во кој што се сместени притворените за настаните од 27 – ми април во Истражниот затвор Шутка се како во нацистички логор.

Хунтата се изживува со притворените патриоти. Додека затворската управа има греење и услови за работа, притворените во сред декември се сместени во ќелии со расипани прозори кои не се затвораат, а греење има само двапати во денот во времетраење од 1 час.

Мувлата и влагата се редовен декор во секоја една ќелија во која се сместени патриотите. Луѓето наместо да можат да ја спремаат својата одбрана, тие се фокусирани како да издржат и преживеат во нацистичкиот затвор на хунтата.

Помеѓу притворените има и болни луѓе кои секојдневно мора да примаат соодветна медицинска терапија, луѓе кои што треба да живеат и престојуваат во нормални услови, зошто се друго за нив е загрозувачко. Да изложите такви луѓе на такви нехумани услови е акт на тортура, каква што имало само во нацистичките логори на смртта.

Недозволиво е во современа Европа да имате луѓе во притвор кои ги немаат основните услови за престој. Мегународните организации не смеат да останат нем набљудувач на кршењето на правата на притворените. Дотолку повеќе што истите се жртва на политички прогон, во еден целосно монтиран случај, кој нема никаква основа со правото.

Затворската полиција дејствува како партиска полиција на хунтата. Нелегално се фотографираат притворените и таквите слики се шират на социјалните мрежи.

Затворската управа по наредба на хунтата се изживува и со фамилиите на притворените. Истите од загарантираниот 1 час за посета имаат едвај 30 минути, заради пресметувањето на времето за безбедносни проверки во времето за посета.

Притисокот со кој што се соочуваат овие десетици искрени македонски патриоти, истакнати актери, режисери, уметници, архитекти, лекари, полицајци и луѓе кои целиот свој работен век го посветиле на оваа држава и нејзините граѓани е заради нивната љубов кон државата. Ова е невидено за остатокот на демократскиот свет. Никаде во светот не се лежи во затвор за патриотизам само во Република Македонија заробена од хунтата на Заев.

ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави на оваа флагрантно кршење на законите и злоупотребата на државните институции за пресметка со политичките неистомисленици.

Секој еден кој воден од моменталната власт ги крши Уставот, законите и мегународните конвенции кои ги гарантираат правата на човекот ќе се сноси одговорност за своите постапки. Република Македонија ќе биде демократска држава, со цврсто почитување на владеењето на правото и за тоа нема да има компромиси.