26/11/2024
Охрид

Успех на основци од „Христо Узунов“ на Државниот натпревар на млади техничари и природници

На ден 15.04.2018 година во ООУ „Блаже Конески“ во Велес, се одржа 55от Државен натпревар на младите техничари и природници од Р. Македонија.

Меѓу 350 најдобри ученици од целата држава, десет беа ученици од Основното училиште „Христо Узунов“ и тоа: Надица Велјаноска, Љубица Јованоска, Елена Колевска, Владимир Вељаноски, Маја Наумоска, Борче Исакоски, Евгенија Стојаноска, Ивана Пројческа, Михаил Жупан и Атина Рувинова. Најуспешна беше ученичката Ивана Пројческа која се закити со сребрен медал во областа Астрономија.

За време на натпреварот учениците имаа можност да ги видат проектите од останатите учесници, да научат нешто ново, да ги презентираат своите проекти, но и воедно да другаруваат и да се забавуваат.