Успех на шахистите од ШК Ласкер Охрид на Меѓународниот младински турнир „Езерска кралица 2022“ Струга
Од 07. 09. 2022г до 11. 09. 2022 во Хотел Дрим Струга се одржа 3-от Меѓународен младински турнир Езерска Кралица 2022 Струга.
На турнирот учествуваа 52 млади шахисти од Албанија, Бугарија, Грција, Косово и Македонија.
На C турнирот во екипна конкуренција учествуваа 11 екипи, првото место со максимален број победи го освои екипата на ШК Ласкер Охрид во состав Константин Лушески, Николовски Никола и Николовски Михаил, второ место за Крал од Скопје, а третото место им припадна на ЦСКА од Софија.
На Б3 турнирот до U10 првото место за Диванисов Матеј од ШК Алкалоид Скопје, второто место за Кадриоски Дарин од ШК Алкалоид Скопје, а трето место за Саге Ардира од ШК Партизани Тирана.
На Б2 турнирот до U14 членот на ШК Ласкер Охрид Николовски Михаил го освои второто место, првото место за Паликов Калојан од ЦСКА Софија, а трето место за Петровски Никола од МШК Центар Скопје.
На Б1 турнирот до U18 прво место за Константин Лушески од ШК Ласкер Охрид со 6 победи од седум партии, второ место за Христовски Марјан од ШК Стево Патако Битола, трето место за Јусуфи Ахмет од Косово.
ШК Ласкер Охрид финансиски е подржан од Општина Охрид.
Сите информации за натпреварот може да се најдат на: International Youth Chess Tournament “Lake Queen”, додека комплетните резултати по кола на chess-results.com
WebOhrid / 11.09.2022 / ШК Ласкер Охрид