Успех на учениците од ОУ „Григор Прличев“ на натпреварот по математика и физика во ПСУ „Јахја Кемал“
Во саботата на 14.12.2019 учениците од ОУ „Григор Прличев“ учествуваа на натпреварот по математика и физика организиран од страна на ПСУ „Јахја Кемал“ – Струга.
Во конкуренција од 130 ученици од: Охрид, Струга и Кичево, првото место во математика го освои ученичката Емилија Николоска, додека пак меѓу првите седум најдобри ученици по физика се пласираа учениците: Емилија Николоска – второ место, Марија Тодороска – петто место, Нина Стевоска – шесто место и Ивана Треневска – седмо место.
Севкупен победник на натпреварот е ученичката Емилија Николоска која се здоби со највисоката стипендија.
Учениците Марина Козомара, Наталија Савеска и Евгенија Ническа се здобија со право директно да се запишат во ПСУ „Јахја Кемал“, без полагање приемен испит.
Ментори на учениците се: Марика Бубеска по математика и Славица Јолакоска Таштаноска по физика.