Успешен настап на Македонската филхармонија во Шпанија
Со силен аплауз синоќа беше поздравен настапот на оркестарот на Македонската филхармонија во салата „Моцарт“ во Аудиториумот во Сарагоса во Шпанија …
На концертот, Македонската филхармонија, предводена од истакнатиот шпански диригент, маестро Рикардо Касеро, настапи со македонскиот и светски виртуоз на виолина Ѓорѓи Димчевски кој е концерт-мајстор на Националниот оркестар на Шпанија, а од 2007 година е концерт-мајстор на оркестарот „Валенсија“, кој концертира во Палатата на уметностите на кралицата Софија предводен од славниот Лорин Мазел.
Турнејата на Македонската филхармонија во Шпанија се реализира со поддршка одМинистерството за култура и од Амбасадата на Република Македонија во Кралството Шпанија. Утре (1 ноември) Македонската филхармонија ќе настапи во Конгресната палата во Хуеска.