Успешно реализиран проектот „Цветни балкони – цветен Охрид“
Успешно се реализира годинешното издание на проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“ што традиционално го организира Општина Охрид.
Огромен беше одзивот на жителите од улиците: „Ариф Мустафа“, „Махмуд Рифат“, Бистрица“, „Шар Планина“, „Никола Петров – Русински“,„Хаџи Мустафа“, „Сатеска“, „Васил Стефовски“, „Мишо Гилиќ“ и „Трајче Талески“ при делењето на 400 жардиниери со саксиско цвеќе.
Цвеќето охриѓани го подигнуваа вчера и денес од расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“.