23/11/2024
Охрид

Успешно реализирани микропроекти во општина Охрид

Специфичните стратегиски приоритети за развој на локалната заедница и подигнување на квалитетот на живеењето на граѓаните на Општина Охрид, се факторите кои се дел од процесите за реализација на програмите за поддршка на локалниот економски развој и туризмот.

Соработката, меѓусебната доверба и активирање на сите чинители на економскиот и туристички развој во согласност со финансиските можности на локалната самоуправа ни овозможуваат ограничени но сепак, за микрозаедниците, многу значајни проектни активности кои и оваа година резултираа со имплементација на поголем број на микропроекти реализирани од страна на месните заедници и граѓански организации.

Овие конкретни мерки кои ги презема локалната власт, се директни и поттикнувачки, со што се овозможува најдобрата практика за развојот и одржливиот  економски раст да се имплементира со директно учество на локалното население, бидејќи подготвеноста за активно учество на заедницата е пресудна за успешно спроведување на иницијативите наведени во Програмата за поддршка на локалниот економски развој и туризмот.

Преку финансиската поддршка на локални микропроекти за поттикнување на локалниот економски развој и туризмотОпштина Охрид преку програмите на Секторот за туризам и локален економски развој, дава директна финансиска подддршка на проекти кои се од општествена важност и кои произлегуваат од заедницата. На ваков начин, Општина Охрид го поттикнува партиципативното учество на заедницата во општествениот развој на микрозаедниците, а согласно стратешките документи за развој на општина Охрид. При тоа мора да се истакне значењето на микрозаедниците и останатите партнери дека уште еднаш ја потврдија својата подготвеност за соработка како и нивната подготвеност да ги надградуваат сопствените капацитети и финансиски да учествуваат  во комплетната реализација на активностите.

Преку овие програми за поддршка на локалниот економски развој и туризмот, во текот на 2019  година успешно беа реализирани микропроекти во вкупна вредност од 750.000,00 денари и тоа во областа на инфраструктурата и водоснабдување – ( “Инфраструктурно уредување на центарот на с.Лескоец “, “Изведба на резервоари, водоводна мрежа и селски чешми – Куратица“, “Изведба на бушотина за вода за пиење“ во село Коњско),  култура – ( “Oбнова на селскиот дом с.Куратица-фаза 5“), детски игралишта, – (“Oпремување детски игралиштаво  Рача и Орман “),, туристичка инфраструктура- („Подобрување на туристичката инфраструктура во Речица “, “Oхрид во духот на етно традицијата“,   промотивни активности и други области.)