Уште 15 дена до крајниот рок за поднесување на Годишна даночна пријава
Наближува крајниот рок за поднесување на Годишна даночна пријава 15-ти Март. На две седмици пред истекот на рокот само 130.850 граѓани поднеле Годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи. Имајќи во предвид дека се очекува уште 270.000 граѓани да ги пријават своите приходи во управата, а со цел намалување на метежите во даночните канцеларии особено во Скопје, отворени се дополнителни шалтери за прием на Годишни даночни пријави во Центар, како и општините Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба и Аеродром (повеќе информации). Исто така, граѓаните можат да ги достават пријавите и преку мобилните даночни шалтери (види возен ред).
Корисни информации
– Поднесени Годишни даночни пријави заклучно со 02.03.2018 година
Поднесени Годишни даночни пријави заклучно со 22.02.2018 година
Регионална дирекција на УЈП Хартиени Електронски ВКУПНО
Скопје 49,600 458 50,058
Битола 17,629 40 17,669
Тетово 11,002 48 11,050
Струмица 7,817 56 7,873
Прилеп 19,164 67 19,231
Штип 24,880 89 24,969
ВКУПНО 130,092 758 130,850
Извор: Управа за јавни приходи
– Годишна даночна пријава за утврдување на персоналeн данок на доход – Преземи
– Брошура „Годишна даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход“ – Види
– (27.02.2018) Возен ред на мобилни даночни шалтери / Март 2018 – Види
– (23.02.2018) Соопштение „УЈП со дополнителни шалтери за поднесување на Годишна даночна пријава“
За сите дополнителни информации и помош при пополнувањето на Годишната даночна пријава, граѓаните можат да се обратат во Инфо центарот 0800 33 000 и 02/3253 200 или да побараат помош од даночните агенти во даночните канцеларии.