25/11/2024
Струга

Уште едно високо меѓународно признание за писателот Петко Шипинкаровски

Писателот Петко Шипинкаровски се здоби со уште едно меѓународно признание, овојпат, наградата „Аполон“, што ја доделува градот Сремска Митровица.

Доделена му е за “ убавоиот запис и афирмацијата на пишаната реч”, стои во образложението на жири комисијата.

Високото признание ќе му биде врачено на 6 ноември, во општинската зграда на Сремска Митровица, во рамките на тамошните прослави и свечености – “Ноемвриските празнувања”.

Покрај Шипинкаровски, од Македонија, добитници на наградата „Аполон“ се уште и Елка Њаголова, писател од Варна – Бугарија, Бапкен Симоњан, почесен конзул на Република Србија во Ерменија и Срѓан Малешевиќ, писател од Шид, Република Србија.

Наградата „Аполон“ на градот Сремска Митровица е востановена во 1989 година и до сега добитници, за остварувањето во книжевноста и литературата, се од Канада, Австрија, Франција, Германија, Турција, Романија, Бугарија, Полска, Словачка, Унгарија, Хрватска, Македонија и Србија.

Наградата се состои од доделување на Повелба, односно Диплома, и фигура на главата на Богот Аполон излеана во бронза, како прототип на оригиналот што е пронајден крај тврдината на античкиот град Сирмијум, денешна Сремска Митровица.

Аполон не само што е Бог на сонцето, туку и заштитник на пророците, пејачите, на поезија, музика и песна, туку тој е и симбол на убавината.

Шипинкаровски е член на ДПМ, почесен член на Друштвото на писателите на Србија, надворешен член на Сојузот на независните пистеле на Бугарија и член на МНД од Битола.

Добитник е на многубројни награди и признанија од Македонија и од странство.

В.М.