Утре е последен ден за поднесување на годишна даночна пријава
Утре / 15-ти Март е последен ден за поднесување на Годишната даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход (образец ПДД-ГДП) и пријавување на приходите кои граѓаните ги оствариле во изминатата 2017 година.
Според последните податоци, поднесени се вкупно 334,360 пријави. Во текот на денешниот и утрешниот ден се очекува уште околу 100 илјади граѓани да ја исполнат својата обврска.
„Потсетуваме дека пријавите освен на даночните шалтери, можат да се поднесат и преку пошта, преку е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk за регистрираните корисници на електронските даночни услуги.
Со цел избегнување на метежите особено во Регионалната дирекција Скопје, апелираме граѓаните да ги поднесуваат пријавите и на шалтерите на УЈП кои се отворени за прием на Годишни даночни пријави во Центар, како и општините Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба, Аеродром (за повеќе информации види http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/629) и Мобилниот даночен шалтер во Драчево кои ќе биде стациониран на 15 март пред месната заедница во периодот од 10.00 до 14.00 часот (види возен ред http://www.ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici/pogledni/363).“– велат од УЈП.
Законот предвидува глоба за ненавремено поднесување, односно неподнесување на даночна пријава и за нецелосно пријавени приходи која се движи од 100 до 200 евра, во денарска противвредност.
Корисни информации
Поднесени Годишни даночни пријави заклучно со 13.03.2017 година | |||
Регионална дирекција на УЈП | Хартиени | Електронски | ВКУПНО |
Скопје | 124,100 | 1065 | 125,165 |
Битола | 46,283 | 117 | 46,400 |
Тетово | 28,518 | 103 | 28,621 |
Струмица | 29,867 | 115 | 29,982 |
Прилеп | 45,501 | 151 | 45,652 |
Штип | 58,366 | 174 | 58,540 |
ВКУПНО | 332,635 | 1,725 | 334,360 |
Извор: Управа за јавни приходи
- (ПДД-ГДП) Годишна даночна пријава за утврдување на персоналeн данок на доход (преземи http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/21)
- Брошура „Годишна даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход“ (види http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/2)
- Возен ред на мобилни даночни шалтери / Март 2018 (види http://www.ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici/pogledni/363)
- (23.02.2018) Соопштение „УЈП со дополнителни шалтери за поднесување на Годишна даночна пријава“
- За сите дополнителни информации и помош при пополнувањето на Годишната даночна пријава, граѓаните можат да се обратат во Инфо центарот 0800 33 000 и 02/3253 200 или да побараат помош од даночните агенти во даночните канцеларии.