22/11/2024
Охрид

Утре ќе се одржи „Детски семафор“ 2019

Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид, согласно програмата за работа, во соработка со Локалната самоуправа, Министерството за образование и наука, Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, заедно со учениците од основните училишта во Охрид ќе ја реализира традиционалната Општинска сообраќајно-воспитна манифестација „Детски семафор“.

Општинскиот натпревар „Детски семафор 2019“ ќе се одржи  утре 11.05.2019 година (сабота) со почеток во 10 часот во основното училиште „Христо Узунов“. Натпреварот се состои од два дела: теоретски дел кој опфаќа полагање сообраќајни тестови и практичен дел – вешто возење на велосипед.

Целта на Општинската сообраќајно-воспитна манифестација „Детски семафор“ е едукација и издигнување на сообраќајно-техничката култура кај младите, запознавање со сообраќајните правила и прописи и подобрување на безбедноста на сообраќајот.