Утре ќе се осветат темелите на новиот монашки конак во манастирот „Сите Светии“ во Лешани
Во годината кога се бележи неповторливиот јубилеј 1000 години од основањето на Охридска Архиепископија, водени од желбата за воскреснување на монашкото братство во Манастирот „СИТЕ СВЕТИИ“ во село Лешани, Дебрца, се пристапи кон реализација на децениската идеја за изградба на Монашки конак.
Светиот чин на осветување на темелите на Монашкиот Конак ќе го извршат Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско – Кичевски и Администратор Австралиско Сиднејски г. Тимотеј и Неговото Високопреосвештенство Митрополит Преспанско – Пелагониски и Администратор Австралиско Новозеландски г. Петар, во сослужение на старешината на Манастирот „СИТЕ СВЕТИИ“, Јеромонах Вартоломеј Пројковски и клирот на Дебарско Кичевската Епархија.
Светата Архиерејска Литургија ќе започне утре во 09:00 часот, на денот на славата на Манастирот „СИТЕ СВЕТИИ“.
Се покануваат сите верници на прославување на овој свет чин.