Утре ќе се спроведе дезинфекција и дератизација на НУ Библиотека „Григор Прличев“
Во рамките на преземањата за превентивна заштита на здравјето на вработените и на корисниците на услугите НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид утре – петок ќе спроведе дезинфекција и дератизација на работниот простор.
Оваа превентивна активност ќе ја спроведе Екипа на Центарот за јавно здравје од Охрид.
Од Библиотеката ја информираат јавноста и читателите дека утре Библиотеката ќе биде отворена од 8:30 до 12:00 часот.