23/11/2024
Охрид

Утре од 9:30 до 12:00 пловидбата по каналот „Студенчишта“ ќе биде во прекин

СВР Охрид и полициската станица за Граничен надзор „Охридско езеро“,  ја известуваат јавноста дека утре (18 август 2024 година)  од 09:30 до 12:00 часот, во прекин ќе биде пловидбата по каналот „Студенчишта“.

Прекинот е поради предвидените активности на просторот кај Центарот за обука на вода во Охрид, каде што, утре ќе се одржи Централната свеченост по повод 18 август, Денот на Армијата на Република Македонија.

Поради утрешниот значаен настан, СВР Охрид апелира, граѓаните да ги почитуваат мерките што ќе ги спроведуваат инспекторите за пловидба од Капетанија на пристаништа во Охрид и полициски службеници од СВР Охрид и Езерската полиција.


WebOhrid / 17.08.2024 / СВР Охрид