Утре отворен ден со граѓаните во канцеларијата на Централниот регистар во Охрид
Централниот регистар на Република Северна Македонија започнува со спроведување на акцијата „Отворени денови со граѓаните”.
Стручен тим предводен од Директорката Марија Бошковска – Јанковски на 04.10.2019 година (петок) во период од 11:00 до 14:00 часот ќе одржи отворен ден со граѓаните во канцеларијата на Централниот регистар во Охрид.
За време за отворениот ден граѓаните ќе имаат можност да се консултираат за прашања поврзани со работењето на институцијата и да добијат потребни информации и одговори на нивните прашања.