Утре во Охрид ќе се одржат завршните активности од проектот: „Поттикнување на вработливоста во туристичкиот сектор“
Утре, среда во хотелот „Инекс Горица“ во Охрид во организација на Германското друштво за меѓународна соработка GIZ во рамките на LEIWW Програмата ќе се одржат завршните активности од проектот: „Поттикнување на вработливоста во туристичкиот сектор“ во чии рамки ќе следи и панел дискусија на тема: „Човечките ресурси како клучен фактор за успешна туристичка понуда“.
Заинтерисираноста за бесплатните обуки за дефицитарните кадри угостителство во регионот: бармени/баристи, готвачи, пекари, професионални келнери беше голема. Во две серии на обуки кои се одржаа во Тетово и Охрид беа вклучени 170 кандидати кои утре ќе ги презентираат научените вештини и ќе се здобијат и со сертификати за занимањето за кое се обучуваа. Програмата ја спроведуваше Факултет за туризам и угостителство Охрид со тренери со меѓународно искуство и најчесто се повратници од странство.
Во рамки на проектот се нуди можност за вработување преку неформални програми за квалификација и обука, како и финансиска поддршка за започнување и проширување на мали бизниси.
Утре напладне, поздравни обраќања пред присутните се очекува да имаат: Бенјамин Мор од GIZ LEIWW, Министер за регионален развој на Косово Расим Демири, претседателот на Совет на општина Охрид Живка Ангелоска.
Презентација на мерката „Поттикнување на вработувањата во туристичкиот сектор“ во рамки на GIZ LEIW програмата ќе одржи Аница Палацо,советник во GIZ LEIWW , презентација на програмата за неформални обуки за избрани професии во туристичкиот сектор ќе има проф.д-р Ангела Крстаноска – Василеска од Факултет за туризам и угостителство – Охрид.
На панел дискусија „Човечките ресурси како клучен фактор за успешна туристичка понуда“чиј модератор ќе биде д-р Зоран Тунтев се поканети на дискусија повеќемина практичари од обрзовниот и пиватниот сектор од туризмот и угостителството од Охрид кои ќе се обидат да дојдат до решенија на проблемот со недостигот од стручна работна сила во туризмот.