26/11/2024
Охрид

Утре во Охрид ќе се одржи „Езерска средба 2019“

Во организација на Зружението на ветераните од одбраната и безбедноста на Република Северна Македонија, а под покровителство на Општина Охрид и в.д. градоначалникот Константин Георгиески, утре во Охрид, ќе се одржи втората „Езерска средба – Охрид 2019”.

Оваа година, средбата ќе има два дела. Покрај утре во Охрид, на 30 март, вториот ќе се одржи во Поградец, Албанија, на 18 мај.

Покрај, претставници на Здружението на ветерани од одбраната и безбедноста од нашата земја, ќе учествуваат и високи претставници на националниоте здруженија на ветераните од Бугарија и Албанија и други соседни земји.

Првиот човек на Здружението, генерал Филип Котели, информираше дека се воспоставени први контакти за соработка и догодина ќе бидат канети и претставници на сродните асоцијации од Грција и Унгарија.

Централен настан, ќе биде Свечената седница, утре, од 14:00 до 15:00 часот на која ќе говорат претседателот на Здружението на ветераните од одбраната и безбедноста на Република Македонија, генерал Филип Котели, претседателот на Општинската организација на Здружението за Охриди и Дебрца, полковник Добре Вељаноски, како и покровителот, Константин Георгиески, в.д. градоначалник на Охрид.

Охридска организација истовремено слави 11 годишната плодна активност, како една од најактивните и најмасовни општински организации, со членство од над 200 наши соработници, само од Охрид.

„Нашата Општинска организација ја координира и насочува и работата на нашите колеги од општините Струга, Дебрца, Струга, Ресен, Дебар, Ростуше, Центар Жупа и Маврови Анови, а тесно соработуваме со колегите од Тетово, Битола, Ресен и Прилеп.Надвор од границите на нашата земја, тесно и врз основа на потпишани протоколи, соработуваме со сродните асоцијации од Албанија (Тирана, Пешкопеја, Елбасан, Поградец, Корча и Берат – градот со историски врски со Охрид), Бугарија (Софија, Ќустендил и Дупница), како и Србија – Панчево и Врање и други места.“ – информираше полковник Вељаноски.

Домаќините, за своите гости организираат посета и разгледување на културно-историските знаменитости во старото градско јадро, прошетка со брод по Охридското Езеро, посета на Хидробиолошкиот институт и слично.

Ќе бидат одржани и заеднички спортски натпревари, во терминот од 10:00 до 12:00 часот, пред бараката, кај хотелот Гарден, во дисциплините шах, пикадо, табла, пинг-понг и стрелаштво.

Во хотелот “Милениум Палас” е планирано заедничко другарување, веселба и свечен ручек.

Веле Митаноски