Утре во Охрид ќе се одржи показна вежба на дел од единиците на МВР
Во рамки на одбележување на 07-ми мај – Денот на македонската полиција, утре во 12 часот во Охрид ќе се одржи показна вежба на дел од единиците на Министерството за внатрешни работи. Вежбовните активности ќе се одржат во водите на Охридското езеро во близина на градското пристаниште, каде изминативе денови беа изведувани одредени вежбовни маневри.
Заради потребите на показната вежба, СВР Охрид, утре во времето од 00 до 14 часот, за сообраќај ќе биде затворен кеј „Македонија“ на потегот од пресекот со улицата „Јане Сандански“ до кружната крстосница на булевар „Македонски просветители“. На овoј потег, забрането е паркирање на патнички и други моторни возила.
СВР Охрид упатува отворена покана до сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на градското пристаниште, од каде ќе можат да ја проследат показната вежба.