22/11/2024
Охрид

Утре во Охрид ќе се одржи регионлен форум за Граѓанско учество

Во Охрид ќе се одржи форум на тема: Кампања на Мисијата на ОБСЕ во Скопје за подигнување на јавната свест, за поттикнување на граѓанското учество во подобрување на квалитетот на живот. Проектот „Промовирање на принципите на демократско управување“ на Мисијата на ОБСЕ во Скопје има за цел да ги поттикне граѓаните и зајакне капацитетите на граѓанскиот сектор, бизнис заедницата, институциите во образованието и локалните власти да иницираат проактивност и креираат соработка, со цел подобрување на севкупните услови за живот во земјава.

Во рамките на кампањата за подигнување на јавната свест на тема „Поттикнување на граѓанското учество“, под слоганот #АКО ЈАС СЕ ПРАШУВАМ се организираат шест локални дебати и еден регионален форум за граѓанско учество.

Дебатата има за цел да ги мотивира, охрабри и поттикне граѓаните да се вклучат во секојдневните токови на локално ниво.

„Идејата е да предизвикаме интерес и да дебатираме како да се охрабрат граѓаните и да иницираме нивно вклучување со цел подобрување на севкупниот живот на локално ниво. Придобивка од овие дебати се отворена комуникација помеѓу сите активни чинители во општеството, граѓанските организации, локалните власти, младинските организации и здруженија, образовните институции и бизнис заедницата.“- велат од Здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија“.

Форумот ќе се одржи утре во Охрид, во хотелот Милениум Палас,  во периодот од 11 до 13 часот.