23/11/2024
Струга

Утре во Вевчани ќе биде промовирана најновата поетска збирка на Димче Шипинкаровски

Утре навечер (19:30) во Вевчани, во црковниот храм Свети Никола, ќе биде промовирана најновата поетска збирка на Димче Шипинкароски, Татковиот аманет, издадена од Здружението за литература, култура и наука Бран од Струга.

Димче Шипинкаровски е овогодишен добитник на наградата од престижната поетска манифестација Антево Слово, која се доделува во чест на истакнатиот македонски поет Анте Поповски.

Уредник на изданието е Борче Панов, додека професор д-р Христо Петрески, претседател на Друштвото на писателите на Македонија, во посебна рецензија, прави осврт на творештвото на Шипинкаровски.

Промотори на збирката ќе бидат професор д-р Христо Петрески, кој ја напиша и рецензијата за книгата, како и Мишо Китаноски и Веле Митаноски.

Покрај насловната песна, посветена на неговиот покоен татко, писателот, поет и есеист Петко Шипинкаровски, Димче Шипинкаровски, остава белег во македонската поетска ризница, уште и со песните Испустено огниште и Голем ангелу од Небрегово, посветени на Блаже Коневски, потоа Нож в грб, посветена на Коле Чашуле, како и со бројните лирски записи, како во песната Вака зјдвит сонцето во Струга.

Рецензентот Петрески, го претставува поетот Шипинкароски како еден од новите современи македонски автори, во рецензијата насловена „Чинот и радоста на создавањето“.


WebOhrid / 28.07.2022 / Веле Митаноски