25/11/2024
Охрид

Утре забрана за сообраќај на „Железничка“ и на дел од „Егејска“ и „Будва“

Се известуваат жителите на општина Охрид дека утре (10.10.2020 година) во период од 05:00 – 16:00 часот, улицата „Железничка“ целосно ќе биде затворена за сообраќај на автобуси и товарни возила на потегот од Клучката до кружната крстосница кај Здружение на возачи. Овие превозни средства ќе се пренасочуваат на улицата „Туристичка“ од една страна и ул. „7-ми Ноември“ од друга страна.

Во овој период по налог на Општина Охрид АД „Илинден“ од Струга ќе реализира градежни активности за преуредување и асфалтирање на четворокраката крстосницата помеѓу улиците „Железничка“, „Егејска“ и „Будва“ во кружна, а ќе се воведе и нов сообраќаен режим.

За останатите превозни средства и пешаци забраната на сообраќање и движење ќе важи од крстосницата на ул. „Железничка“ со ул. „Кленоец“ и тоа во насока кон Струга и од Клучката на влезот од Охрид кон Ресен. Исто така забрана на сообраќај ќе има и на дел од улицата „Будва“ кој гравитира кон улицата Железничка и на дел од улицата „Егејска“ кој гравитира кон улицата „Железничка“.