Утре започнува четвртата сезона на „Импровокација“
Утре во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид започнува четвртата сезона на популарната „Импровокација”, која носи нови игри, нови моменти, нова претстава.
Во претставата играат актерите на Народниот Театар од Охрид: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски, потпомогнати од домаќинот на шоуто Филип Ангеличин – Жура.
Картите се во продажба и изнесуваат 150 денари, а утре на денот на шоуто ќе чинат 200 денари.