Утре започнува есента
Календарски од утре (23ти септември 2018 година) во Македонија започнува есента во 03:54 часот – рано наутро. Во исто време за жителите од јужната Земјина полутопка започнува пролетта.
Денот ќе трае 12 часа и 12 минути.
Есента ќе трае до 21 декември кога официјално ќе настапи зимата.
За првиот ден од есента метеоролозите најавуваат сончево време со умерена облачност и северен ветер и со благо опаѓање на дневната температура.
WebOhrid