23/11/2024
Македонија

Утрешната 59-та тематска седница на Владата на РМ е целосно посветена на младинските политики

Од Владата на Република Македонија информираат дека утре вторник, 20.03.2018, со почеток во 11:30 часот, Владата на Република Македонија ќе одржи тематска седница посветена на младински политики кои Владата ги имплементира и ќе ги имплементира во иднина.

На оваа седница и претходеа серија на отворени координативни средби, организирани и координирани од страна на Агенцијата за млади и спорт (АМС) и Владата на Република Македонија, кои преку средбите и широка јавна расправа, отворија простор за предлог политики на младинските организации.

На седницата, покрај младинските политики кои ги имплементира Владата, заедно со претставници на младинските организации, ќе ги разгледуваат доставените, предлог-политики, посветени на унапредување и подобрување на животот на младите во земјава.

По завршувањето на седницата, премиерот Зоран Заев, ќе одржи прес-конференција, со почеток во 14:30 часот, во Медиа центарот во Владата на Република Македонија.