Утрешниот ден (28 ноември) прогласен за ден на жалост во Охрид, по повод смртта на владиката Тимотеј
Советниците денес ја одржаа четириесет и деветтата вонредна седница на Општина Охрид. Седницата започна со едноминутно молчење, а единствена точка на дневниот беше одлуката за прогласување на 28 ноември за ден на жалост, по повод смртта на владиката Тимотеј.
Сите културни, забавни, спортски и други настани и манифестации за утрешниот ден, ќе бидат откажани на целата територија на општина Охрид.
WebOhrid / 27.11.2024