Утврден идентитетот на лицето кое настрада при пожар во Песочан
Во врска со настанот „пожар со последица смрт“, даден во вчерашниот извадок од дневни настани за пожар во куќа во с. Песочан, општина Дебрца, утврден е идентитетот на лицето кое како последица од пожарот беше пронајдено починато.
Се работи за Љ.Ј. (81) . По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.