23/11/2024
Спорт

Вардар и Металург ќе играат во ракометниот Суперкуп

Во среда (18 септември) во Спортска сала „Куманово“ во Куманово ќе се одигра Македонскиот Суперкуп натпревар.

Шампионот на минатогодишното првенство, тимот на Вардар, во Суперкупот на Македонија ќе игра против тимот на Металург. Двете екипи минатата сезона се сретнаа токму во финалето од Купот на Македонија што се играше во Куманово, а на таа средба славеше Металург по изведувањето на пенали (4-3), откако натпреварот заврши нерешено 29:29.