Вдиши театар: Дишењето преку заштитни маски оваа година нема да не предомисли и обесхрабри
Годинешното издание на меѓународниот аматерскиот младински театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ кој во организација на Црвен крст Охрид, традиционално во месец јуни го најавуваше културното лето во Охрид, заради ситуацијата со епидемијата на COVID-19, оваа година младите од театарската група на Црвен крст Охрид, на симболичен начин, почитувајќи ги препораките за заштита од коронавирусот, од предворјето на црквата „Св.Софија“ во Охрид упатија силна порака дека тие се дел од решението, а не од проблемот и со нетрпение го очекуваат седмото издание на „ВДИШИ ТЕАТАР“.
„Сите заедно да бидеме одговорни и совесни и покажеме дека дишењето преку заштитни маски оваа година, нема да не предомисли и обесхрабри, повторно со полни гради да ВДИШЕМЕ ТЕАТАР наредната година.
Оваа порака ја испраќаме и до сите наши пријатели и учесници на театарскиот фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“ од организациите на Црвен крст од Суботица, Крагуевац, Учице, Требиње, Бар.“ – велат организаторите на „Вдиши театар“.